202та година како започна изгледа така ќе и заврши – со коронавирусот. Оваа година ќе се памети по короната која владее во светот и никако да исчезне.
Токму таа, ни го промени животот, ни ја промени новата реалност и со месеци живее со заштитни маски, средства за дезинфекција, ограничени во движење, во патување, прослави, концерти….
Македонската водителка Елена Стојановска ги почитува правила и мерките за заштита. Така секогаш кога е на својата работна позиција носи маска или визир.
Деновиве во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од студио и покажа дека емисијата ја води со визир, а во описот напиша:
„Да ми кажеше некој дека некогаш вака ќе водам емисии..Ама тоа е“, напиша таа.
Не само Стојановска, туку никој не претпоставуваше дека оваа година нагло ќе ни го промени животот и ќе ни наметне нова реалност и нови правила и се тоа за заштита на здравјето.
Се надеваме дека оваа ситуација побрзо ќе заврши и светот ќе започне да функционира нормално.