Водителката Тамара Грујиќ имате прилика да ја гледате секој петок во емисијата „Со Тамара во акција“ која се емитува на РТС.
Пред да отвори сопствена продукција и да започне со уредување и емитување на емисијата, Тамара беше водителка на емисијата „Работна акција“.
Кога престана со емитување на „Работна акција“, водителката и нејзиниот сопруг Вук Ѓоковиќ започнаа со реализација на сопствена емисија која веќе 10 сезони.
„Во нашата заедничка работа одлучија интересот и професијата. Јас работев на телевизија, мојот сопруг на филм. Тој дипломираше продукција на Академијата за уметност во Белград. На нас судбински ни се случи да се запознаеме и да живееме заедно, а потоа стапивме во брак и работевме пред и зад камери. Кога се појави можност да работиме заедно, споивме убаво и корисно“, изјави водителката во една прилика и додаде:
„Бракот би бил неиздржлив ако јас сум по цел ден на терен, а тој на други проекти. Ние работиме и живееме заедно. Иако имаме исти професионални интереси, ние по каркатер сме многу различни. Јас сум плашлива, а тој е многу смирен. Јас сум пред камери и секогаш барам повеќе, луѓе, пари, помош, поддршка, луѓето реагираат на мене, а тој ги завршува работите за кои јас немам време, а се важни“, вели Грујиќ.
Инаку, Тамара и Вук во септември претходната година првпат се реализираа во улогата на родители и ја добија ќерката Ленка која често ја водат со себе на терен.