За Вељко Ражнатовиќ, младиот боксер и син на покојниот Аркан и пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, често се вели дека во боксрескиот ринг е вистински „ѕвер“.
Но дома, по се’ изгледа дека приказната е сосема поинаква. Вељко не крие дека е заљубен во својата убава сопруга Богдана, која пред половина година му го подари синот Жељко.
Младиот Ражнатовиќ, кој е многу активен на социјалните мрежи, честопати споделува моменти од домашната атмосфера за своите следбеници, а со последното видео покажа дека е многу вреден и посветен сопруг, вистински домаќин за едни или вистински „папучар“, за други!?
Имено, додека Вељко со дрвена лажица стои над шпоретот и го меша ручекот да не загори, Богдана седи на компјутер и се забавува играјќи видеоигри.
„Колку добро си се омажила, сонце ли ти е*ам“ – опцу Вељко, секако на шега, па ја сврти камерата за да покаже што прави неговата поубава половина, додека тој изигрува „очајна домаќинка“.
А пцовката? Колку да е на шега… Во секоја шега – половина вистина, велат!