За неа велат дека таа е најбогато мажената ТВ водителка во Србија, а и самата има одговор на оваа констатација.
„Отсекогаш сум била добра ‘удавача’. Убава, вредна, ќерка – единица… Јас отсекогаш сум била добра прилика“ – ќе рече Сузана Манчиќ и ќе додаде:
„Мојот прв брак беше навистина од љубов. Што се однесува до вториот брак, докажано е дека го сакам Симеон, затоа што сме во врска цели 20 години. Втората можност ја гледав со други очи, поинакви од првата. Прв пат се омажив од голема љубов, но како што можете да видите, љубовта е расиплива стока и исчезнува“ – рече Сузана. Да потсетиме, водителката се омажи за грчкиот бизнисмен Симеон Оцомокос летото 2018 година.