Маринко Роквиќ во вторникот бил опериран во Клиничкиот центар на Србија, по рутинска проверка од која лекарите утврдиле дека фолкерот мора да остане во болницата, пишуваат српските медиуми.
Според членовите на семејството Роквиќ, Маринко добро ја издржал интервенцијата и постоперативниот тек се одвива според планираното.
Поради пандемија на коронавирус и безбедносни причини, неговата сопруга Славица, синовите Никола и Марко беа спречени да го посетуваат сопругот и татко, но тие беа информирани за неговата моментална здравствена состојба. Ова го потврди синот на пејачот Никола.
“Вистина е дека тато беше опериран вчера. Тој се чувствува добро и се надеваме дека сè ќе биде добро”, рече Никола.
Претходните денови Маринко беше многу активен и не насетуваше дека мора да оди под нож. Инаку, Роквиќ се повлече од музичката сцена во последните месеци и се посвети на своето семејство, а особено на своите внуци, со кои минува најмногу време.