Радио Милева пејачката - вишок...

Дара – Бубамара го запозна 20 и кусур години помладото момче со својот син, а „пријателите“ и порачаа: „Наскоро тие заедно ќе бркаат девојки, а ти ќе седиш дома“!

Дара – Бубамара го запозна 20 и кусур години помладото момче со својот син, а „пријателите“ и порачаа: „Наскоро тие заедно ќе бркаат девојки, а ти ќе седиш дома“!

Фолкерката Дара – Бубамара ужива во љубовната романса со нејзиниот партнер Тони, кој е помлад од неа речиси две и пол децении. Колку е заљубена  покажува и фактот што го запозна својот син Коста со него.

Според близок извор на пејачката, Дара долго размислувала дали да го направи тој чекор, но преовладала нејзината желба да се сретнат двајцата најважни мажи во нејзиниот живот.

„Иако гулапчињата уживаат во љубовта, Тони повремено се сомнева дека тој е многу повеќе посветен на Дара, отколку таа нему, за што тој негодуваше во неколку наврати. Таа му објасни дека внимава заради претходно промашените врски и дека е вљубена. Сепак, по повеќе од половина година, таа сфати дека е време  да му покажеме некако колку го цени и почитува, а нема подобар начин отколку да го запознае со нејзиниот син, кој е нејзината најголема љубов“, истакнува изворот.

Средбата меѓу нив двајца била организирана во еден ресторан во Нови Сад, и изненадувачки минала  феноменално. Момчето не можело да ги тргне погледите од тетоважите на Тони и му се допаѓаше тоа, што и тој како и неговата мајка, е љубител на скапи автомобили. Запознавањето поминало толку добро што Дара била вишок, а нејзините момчиња не можеле да запрат со муабетите. Почнале со училиштето, автомобилите, значењето на тетоважите што ги има Тони, какви девојки му се допаѓаат на Коста… за сè.

Камен и паднал од нејзиното срце затоа што не се надевала на тоа“ , вели изворот и наведува дека Дара немала да остане во врската, ако Кости не го бендисал младиот бизнисмен. Токму затоа е  пресреќна што момчињата се зближиле на прва, па нејзината врска ќе се развива многу побрзо и подобро.

Сеопак, некои од нејзините „пријатели“  со потсмев се шегуваат дека Тони и Коста се тука некаде, речиси врсници по години, па наскоро заедно ќе бркаат девојки, а Дара ќе седи дома“, заклучува изворот.

To top