Радио Милева Сака само актери

Ипек од „Истанбулската невеста“ ја раскина петгодишната врска и веднаш си фати девет години помладо момче (фото)

Ипек од „Истанбулската невеста“ ја раскина петгодишната врска и веднаш си фати девет години помладо момче (фото)

Турската актерка Дилара Аксујек ги освои срцата на гледачите со улогите во сериите „Милост“ и „Истанбулската невеста“, а сега се следи секој нејзин професионален и приватен чекор.

Познато е дека Дилара до неодамна беше во врска со колега, турскиот актер Чeјхун Менгироглу, сепак, нивната љубов се „скрши“, а Дилара сега се чини дека има ново момче.

фото:инсатграм

Имено, Дилара и Чејхун поминаа пет години заедно, а причината за распадот на нивната врска не е позната. Сепак, Дилара не губи време, па сега е фатена во друштво на девет години помладиот турски актер Онур Беј.

Двојката беше „фатена“ како разменуваат прегратки и бакнежи на улиците во Истанбул, а не им пречеа ниту папараците. Многу обожаватели на познатата актерка затоа веднаш претпоставија дека станува збор за нова љубов на турското „sвездено небо“.

To top