Една од најпознатите српски пејачки, Александра Пријовиќ претходната година стана мајка и на свет го донесе синот Александар.
Пејачката избегнува својот да го покажува јавно и да споделува фотографии од него, па така на социјалните мрежи може да видиме само 2,3 фотографии, а последната е од нивниот заеднички одмор.
Меѓутоа, Александра направи исклучок и во кратките приказни на „Инстаграм“ сподели видео од својот наследник.
Имено, Александар и Александра излегоа на есенска прошетка, а пејачката го снимаше синчето додека шета низ опаднатите лисја.