Актерката Елса Равен почина на 3 ноември на 91 година во својот дом во Лос Анџелес.
Зад себе остави 15 внуци, а ќе остане запаметена по улогите во филмовите: „Враќање во иднина“ и „Титаник“.
Сцената што секогаш ќе ја паметиме е онаа од култниот филм „Титаник“, каде во моменти на бродолом одлучи да остане со сопругот и да умрат заедно прегрнати на креветот додека водата продира и им ја исполнува кабината.
Славната актерка својата кариера ја започна во Њујорк. Равен ќе остане запаметена и по филмовите: “The Amitiville Horror”, “In the Fire Line” i “The Moderns”.