Камерниот оркестар „Скопски солисти“ предводен од познатиот македонски обоист Васил Атанасовве кани на јубилеен концерт.
„Почитувани гости, ве покануваме на нашиот концерт, заедно да го прославиме јубилејот 20 години концертна активност, со нашите врвни уметници, да уживаме во музиката со задоволство и најдобри желби“ – се вели во поканата на оркестарот.
Концертот е закажан на 9-ти ноември 2020 год. понеделник, со почеток во 20 часот во Македонската филхармонија. На репертоарот ќе бидат дела од Вивалди, Перголези, Хендел, Моцарт, Хумел, Елгар, Чајковски, Пучини, Агостини, Тошевски…
Гости на јубилејниот концерт какосолисти ќе бидат Благој Нацоски – тенор, Весна Гиновска Илкова – сопран, Томе Атанасов – обоа, додека диригент ќе биде Иван Еминовиќ.
Билети и резервации на билетарата на филхармонијата или на тел: 02/3238-182.
Сите протоколи за јавни настапи ќе бидат запазени.