Пејачката Сања Сани Гроздановска имаше многу важна причина за славење.
Имено, на нејзиниот ѕид на „Фејсбук“ профилот осамнаа честитки од нејзините пријатели.
Во домот на пејачката имаше повод за радување, за славење, а тоа е 3иот роденден на нејзината ќерка Ева.
Сани сподели фотографија од болница кога ја родила малата Ева, а нејзината поголема сестричка ја држи во прегратки и една фотографија од веќе попораснатато Ева која е преслатко девојче.
„Постои дата која не се заборава. А тоа е дата кога една мајка ќе роди ангел како тебе Ева. Среќен 3ти роденден ангелу мој“ напиша среќната пејачка, а под објавата се нижеа честитки.
По бројните честитки, пејачката се заблагодари:
„Ви благодарам на сите на искрените честитки. Бидете сите живи, здрави и полни со љубов“.
Среќен роденден, да е жива и здрава.