Радио Милева Крај на гласините

Британскиот пејач го прекина молкот околу наводната афера со Меган Маркл, а еве ја и вистината

Британскиот пејач го прекина молкот околу наводната афера со Меган Маркл, а еве ја и вистината

Британскиот пејач и актер Макс Џорџ (32) го прекина долгогодишниот молк за наводната љубовна врска со Меган Маркл (39), за која се шпекулираше кога поранешната актерка стави крај на првиот брак со Тревор Енгелсон, пренесуваат странските медиуми.

Имено, иако тој во моментов е во среќна врска со реалити ѕвездата Стејси Гигс, минатата година медиумите објавија дека по распадот на нејзиниот двегодишен брак во 2013 година со филмски продуцент, Меган сакала нејзиниот следен партнер да биде Британец, а таа наводно му испратила пораки преку Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Megan Markle (@marklemeganoffical) on

“Не знам од каде тоа. Прочитав нешто за време на викендот, но исто така прочитав дека таа бара Англичанец. Не знам зошто и го прават ова сега. Немаше ништо од моја страна”, рече поранешниот член на „The Wanted“ за време на утринската програма на Филип Шофилд и Холи Вилоуби.

Да потсетиме, поранешната актерка во тоа време отиде на состанок на слепо со принцот Хари, кој го договориле заеднички пријатели. Двојката наскоро ја потврди врската и во 2018 година го изговорија судбоносно „да“. Тие минатата година го добија синот Арчи и од оваа година живеат во Америка откако се откажаа од кралските должности.

To top