Радио Милева

Нема леб од музиката: Бијонсе се занимава со пчеларство и одгледува 80 000 пчели

Нема леб од музиката: Бијонсе се занимава со пчеларство и одгледува 80 000 пчели

Пејачката Бијонсе откри дека на својот имот има две големи пчеларници, од кои произведува „стотици тегли мед годишно“ за приватни цели.

Таа поседува околу 80 000 пчели, пишува „Јутарњи лист“.

39-годишната пејачка откри дека започнала со пчеларство поради нејзините ќерки – Блу Ајви (8) и Руми (3) – на кои медот им помага да ги надминат тешките симптоми.

– Знам дека звучи малку случајно, но имам две корпи. И тие го прават тоа. Ги имав на имотот некое време. Имам околу 80.000 пчели и правиме стотици тегли мед годишно. Почнав да се занимавам со пчеларство затоа што моите ќерки Блу и Руми имаат страшни алергии, а медот има безброј лековити својства – рече пејачката.

To top