Радио Милева и „позитивен“ - позитивен...

Васил Гарванлиев е позитиван на Ковид 19, па славеше „корона роденден“: Соло забава на дистанца (ФОТО)

Васил Гарванлиев е позитиван на Ковид 19, па славеше „корона роденден“: Соло забава на дистанца (ФОТО)

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев има една добра и една лоша вест. Имено тој вчера, 02 ноември 2020 година  наполни 36 години. Пејачот за жал, својот роденден не можеше да го прослави онака како што сакаше и замислуваше, зашто нашиот годинешен несуден евровизиски преставник од пред неколку дена дозна дека е позитивен на Ковид 19.

Сам дома во самоизолација, струмичанецот кој има лесни симптоми на болеста, сепак не пропушти да го одбележи „денот што го чекаме цела година“… Гостите и масовната роденската забава изостанаа, но сепак Васил  „четирите ѕида“ во кои сега мора одреден период да престојува си ги украси по свое. Роденденски со големи балони која ја означуваат славеничката бројка – 36!

Патем она што најмногу го израдува беа две нешта: Како прво, многубројните роденденски честитки со желби за што побргу оздравување, кои струмичанецот ги доби преку социјалните мрежи и лично на телефон и преку СМС пораки, а тие пристигнаа од сите страни.

Од евровизиските фанови, колегите музичари и пејачи, како неговата сограѓанка, фолкерката Сузана Гавазова или младите колешки Антониа Гиговска и Барбара Поповиќ на пример, евровизиската музичка екипа предводена од Роберт Билбилов и Лазар Цветковски, од естраднио-музичките новинари како евровизискиот експерт од МТВ Александра Јовановска…

…Па се’ до блиските пријателчиња и другарчиња од приватниот живот на Гарванлиев.

Сепак, она што најмногу го изненади и воодушеви, беше роденденската торта… Од кого друг ако не од мама, зашто што и да е, една е мајка. Можеби не можела да го гушне, бакне и лично да му го честита роденденот одблизу, ама затоа решила да го изненади со торта… И тоа во вид на „шега на своја сметка“, па истата во една од најпознатите слаткарници се потрудиле да ја направат во облик на Ковид 19…

Онака како што коронавирусот медицината и науката визуелно го прикажува. Само секако, со маска, како што се фотографираше и Васил покрај роденденската торта која мајка му му ја оставила пред врата, а со неа тој се видел само оддалеку.

Сепак Васил не пропушти да си направи своевидна мини роденденска соло забава на дистанца. По принципот: „Излези момче право на тераса…“ тој  ја покаже тортата и  ги запали прскалките на неа, па ги дувне свеќичките во вид на бројката 36, додека блиските под балконот му пееја своевидна роденденска серенада со познатата: „Нappy birthday to you…  Или „Среќен роденден“, честитајќи му го истиот.

А, пејачот покажа дека и кога е најтешко, не се предава, а во духот секогаш останува ведар и не смее да клоне… Васил Гарванлиев и кога е „позитивен“ – е  позитивен!

 

 

 

To top