Радио Милева

Тања Савиќ со нови детали за бракот: „Мојот сопруг одел во јавни куќи да бара услуги“

Тања Савиќ со нови детали за бракот: „Мојот сопруг одел во јавни куќи да бара услуги“

Пејачката Тања Савиќ гостуваше во емисијата „Магазин ин“ каде што отворено проговори за нејзиниот брак со Душан Јованчевиќ и откри непознати детали.

Имено, таа откри дека нејзиниот сопруг пред да ја напушти стигнал дома среде корона, пијан и дрогиран, а таа не можела повеќе да го  трпи.

Како што вели, тој ги однел нејзините деца и однел 150 000 евра кои таа ги заштедела за стан.

Исто така, откри дека нејзиниот сопруг и зборувал лошо против нејзиното семејство, успеал да ја скара со сестра и, со која Тања не зборувала една година.

фото: Притнскрин/твпинк

Меѓутоа,  пејачката откри и дека неодамна дознала дека нејзиниот сопруг одел во јавни куќи да бара услуги.

„Тој ми паѓаше на колена, плачеше, ме молеше. Јас неодамна дознав дека одел во јавни куќи да бара сексуални услуги, а на тие таму им зборувал за мене“, откри пејачката.

Потсетуваме, сопругот на Тања, Душан во април оваа година ги однесе нивните синови во Австралија, а отогаш пејачката ги нема видено.

 

To top