Радио Милева Стравувала за својот живот

„Ме врзаа со лисици, ми ја залепија устата и ми ги заврзаа очите“: Ким Кардашијан искрено за траумата што и се случи пред 4 години

„Ме врзаа со лисици, ми ја залепија устата и ми ги заврзаа очите“: Ким Кардашијан искрено за траумата што и се случи пред 4 години

Ким Кардашијан во една емисија зборуваше за грабежот кој ја остави со голема траума, а тоа се случи во Париз пред четири години.

Ријалити sвездата во емисијата на Дејвид Летерман откри дека се плашела додека крадците држеле пиштол во нејзината глава и мислела дека нејзината постара сестра Кортни подоцна ќе ја најде мртва во собата.

Старлетата таа ноќ престојуваше во хотелска соба, додека Кортни се забавуваше со нивното единствено обезбедување. Ким рече дека таа година го спакувала целиот свој накит за Париската модна недела, што е нешто што „никогаш порано не го сторила“.

„Околу 3 часот наутро, слушнав тропање по скалите и поради тоа почувствував паника, бидејќи верував дека има некој да ме фати“, рече Ким. Ким плачеше додека се сеќаваше на моментот кога еден од разбојниците ја „грабнал“ додека таа била гола под нејзината наметка, и се плашела и дека ќе биде малтретирана.

фото:профимедиа

“Бев како, во ред, ова е моментот кога ќе ме силуваат. Ова ќе се случи, само подготви се. Потоа тој ми стави лисици на рацете, а ми ја залепи устата и заврза очите”, признава таа.

Само откако биле уапсени разбојниците, Ким открила дека ја следеле две години пред грабежот и дека се обиделе порано да ја нападнат, но Кање бил со неа.

“Не знаев дека имаат некој во лифтовите, некој пред зградата, некој што ја помести камерата, некој што ја скрши вратата, некој во автомобилот за бегство. Имаше цел тим на луѓе што го планираа ова”, открила ѕвездата.

To top