Квартетот „Куарем“ на 21-ви октомври (среда), со почеток во 20 часот ќе одржи концерт во малата сала на Македонската филхармонија.
Квартетот „Куарем“ е невообичаен гудачки квартет формиран од виолинистите Родриго Бауса и Федерико Натан, виолистот Оливие Самуилан и виолончелистот Гијом Латил. Четворицата музичари имаат различна музичка заднина и искуство и како изведувачи и како композитори.
Родриго Бауса и Фредерико Натан се запознаваат уште како студенти во Уругвај во 2002 година и остануваат во контакт иако по студиите се селат во разни градови во Европа. Двајцата делат интерес кон класичната и кон популарната музика. По запознавањето со францускиот челист Гијом Латил и виолистот Оливие Самуилан, во 2013 година го формираа квартетот „Куарем“.
За овој невообичаен ансамбл, диверзитетот на секого од четворицата музичари е неисцрпен извор на инспирација во контекст на композицијата, импровизацијата, ритамот и експресијата. Во новиот проект Danzas квартетот „Куарем“ создава целосно оригинален репертоар инспириран од традиционалната музика за танц од Аргентина, Франција, Реунион и од Куба. Елоквентноста на квартетот, како и неговата исклучителна техника на импровизација, потхранета од јазикот на џезот, се среќаваат на едно место и создаваат универзално музичко наследство. Секоја од композиците ги инспирира членовите на квартетот да нурнат во сосема нова област за истражување. Во овој проект на квартетот „Куарем“ им се приклучува и извонредната перкусионистка Наташа Роџерс.
Билетите се веќе достапни и може да се резервираат на телефонскиот број 02/3238 182 и да се купат онлајн на интернет-странцата на Македонската филхармонијата.