Манекенот и спортистот Владимир Вуксановиќ во октомври претходната година се ожени со презгодна латиноамериканка, а два месеци по бракот тие станаа родители на ќерка за која го одбраа името Валентина.
Владимир сега се огласи на социјалните мрежи и откри дека неговата сопруга повторно е бремена.
Имено, тој објави семејна фотографија, а во описот напиша:
„2+2“, напиша тој во описот.
Инаку, Владимир беше во врска со бројни познати убавици од српската јавна сцена, а меѓу нив и Светлана Цеца Ражнатовиќ и со Наташа Беквалац со која дури беа верени, но љубовта не им траеше долго време.