Ријалити учесничката и пејачка во обид, Луна Ѓогани на социјалните мрежи објави дека е бремена и дека заедно со нејзиниот свршеник Марко Миљковиќ, ќе бидат родители за прв пат.
Мајката на Луна, пејачката Анабела Атијас меѓу првите и честиташе на Инстаграм, а за српските медиуми ги откри деталите за бременоста на ќерката.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/eve-kako-reagirashe-anabela-na-vestite-deka-luna-kje-stane-majka/
– Дознав за тоа минатата ноќ. Таа е бремена четири недели. Без врска ми е сега да правиме циркус за тоа, не сфаќај ме погрешно … Она што го објавив на Инстаграм – го сторив за да не морам да им го објаснувам на сите поединечно. Прерано е да се направи било каков вид циркус и да се изнесат деталите, а јас од синоќа сто пати одговарав на телефон. На Инстаграм напишав што е сосема нормално сега и во овие околности. – рече Анабела и додаде:
– Пресреќна сум и тоа е сосема доволно, со оглед на тоа што навистина е ран почеток. Таа сè уште не отишла на ултразвук. Веста одекна, таа го сакаше тоа, не сакаше да го сокрие. Ништо посебно не се смени, дознавме синоќа, а денес сите имаат свои обврски, не сакаме да претеруваме. Вие самите знаете дека, како и на секој почеток, треба да се остави сето тоа да си оди по својот тек – додаде Атијас.