Војин Ражнатовиќ, синот на покојниот Жељко Ражнатовиќ Аркан, е многу активен на социјалните мрежи, па често споделува настани од неговиот живот со неговите пријатели.
Овој пат тој се пофали на својот Фејсбук со работата што ја работи, а не криеше колку е горд што е дел од големата компанија специјализирана за електрични автомобили „Тесла“.
„Свесен сум дека сум дел од најдобрата компанија во светот и бесконечно ќе настојувам да отворам претставништво и нови работни места тука во Србија и Црна Гора“, напишал гордо Ражнатовиќ на својот профил.