Дарко – Спејко пропеа! Кумановскиот инфлуенсер и машки модел снимил песна и видеоспот и станува пејач, иако „пеењето“ барем она, туѓото и појавувањето пред камери, во медиуми или на естрадната сцена на туѓите настапи не му се оддамна страни.
Напротив… Од Тајзи до Раста, Спејко беше во нивно друштво на естрадата… Ама и во нечие друго, она на повеќе или помалку познатите убавици од јавниот живот. Но, да се вратиме малку назад, на почеток.
Од ријалити ѕвезда, преку моден блогер, инфлуенсер, модел… до естрадна ѕвезда? Ќе биде ли тоа патот на кумановскиот шампион од „Големиот брат“, Дарко- Спејко, кој откако се појави, на периоди помалку или повеќе, во континуитет не престанува да биде медиумиски експониран, заради интересот кој го привлекува.
Откако го освои „Големиот брат“ и ги стави во шема сестрите Шегетин, откако расчисти со емотивните реалции со нив, а сепак остана во добри односи, Спејко долго време јавноста ја преокупираше со љубовната инфлуенсерска сага со струмичката модна блогерка и модел, Љупка Митрова.
Македонските „Ромео и Јулија од Инстаграм“ секојдневно ги запоседнуваа и како социјалните мрежи, особено споменатата, така и насловниците на медиумите, најчесто порталите и естрадните ТВ магазини.
Откако љубовната романса со Љупка заврши со (не)среќен крај, кога е љубовта во прашање, секој на своја страна, а Спејко назад на стариот бунар- кај сестрите Шегетин и релните шоуа…
Но и на двете места, само за кратко, зашто бргу сфати дека „подгреаната љубов“ и „задругарскиот примитивизам“, не му се потребни и не го прават среќен!
Скокотливите фотографии и фотосесии со до лакт пикната рака на „анонимни“ дами во неговите гаќи само уште повеќе ја подгреваа љубопитноста што е тоа следно, во што ќе влета Дарко-Спејко? Нова љубовна авантура или можеби нова јавна, естрадна или медиумска приказна?
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/koja-e-devojkata-shto-mu-ja-pikna-rakata-dlaboko-vo-pantolani-na-darko-spejko-foto/
Во меѓувреме покрај инфлуенсерството и ријалити излетите, Спејко беше дел од музичкиот мозаик на неколку познати естрадни фаци. И наши, македонски како на пример Тајзи, и оние од соседството, кои се во моментов зад решетки заради „дилање“ или само поседување наркотици, ќе покаже судењето на Раста!
Но, сеедно и кај едниот и кај другиот, Спејко беше дел од тимот кој за прави големата сестрадна слика појавувајќи се и во некои од видеата и на сцената заедно со Тајзи и Раста и неговите „Балкантон генг“ .
И како што многумина од големите ѕвезда велат: Кога естрадната чивија еднаш ќе ти влезе… под кожа, секако, тешко дека некогаш ќе се откачиш од неа. Дали е така и во случајот на Спејко, па деновиве реши јавно да го обелодени почетокот на неговата пејачка соло кариера со снимањето на видео спот за неговото првенче насловено „Caliente“, чија премиера следува наскоро?
Едно е сигурно, дека Спејко снимаше спот под вешто водената режисерска палка на искусниот режисер Дарио Јанковиќ и неговото „Генерал филм студио“, во кој неизоставно одново е опкружен со раскошни убавици… Овој пат македонски.
Во видеото „друштво“ му прават згодните и атрактивни манекенки и модели Ана Брзанова и Јања Станојевиќ, додека улогата на главна „секси сењорита“ во видеото за „Caliente“ ја има македонската мисица и модел, Анѓела Јакимовска.
Што кажуваат стиховите на песната и како се развива приказната во спотот, ќе видиме наскоро по премиерата… Како што ќе видиме како ќе се развива и естрадната, пејачка соло кариера на „Големиот брат“ од Куманово, познат под прекарот Спејко?!
Ако му тргне така добро и победнички како во реалните шоуа, еве ја новата ѕвезда… Тукушто е родена!
Останува да видиме колку долго „ќе блеска“, ако претходно воопшто блесне во „малата бара полна естрадни крокодили“ под големото естрадно, ѕвездено небо! Мучо среќа, амиго…!