Велат дека времето лекува се’, но не е така. Времето не ја лекува болката, носталгијата, тагата по оние кои заминале од овој свет.
На денешен ден (16.10.2020) пред 13 години почина македонската музичка легенда Тоше Проески.
И по толку време, кај неговото семејство, пријатели, колеги, фанови, соработници постои празнина која не се пополнува.
Неговите песни се безвременски хитови на кои редовно се потсетуваме и ги слушаме, а неговиот ангелски глас секогаш ќе ни недостига.
На денешен ден, Македонија, регионот, па и светот се сеќава на Тоше.
Регионалните медиуми исто така се сеќаваат на музичката ѕвезда, па осамнаа неколку текстови посветени на Проески.
„Остави впечаток, спомени, музика…13 долги години откако засекогаш не напушти Тоше Проески“, „Празнина која никогаш нема да се исполни – Беше омилена личност на Балканот, а денес се полнат 13 години од смртта на Тоше Проески“, „Пораките кои и ги праќаше и понатаму се во неговиот телефон – Ова е жената која Тоше најмногу ја сакаше, а таа никогаш не зборуваше за него“, „13 години од смртта на Тоше – собата во која спиеше се уште е недопрена“, се само некои од насловите.
Потсетуваме, Проески почина на 16.10.2007 година кај местото Нова градишка, на пат за Хрватска.