Медиумите не престануваат да пишуваат за провокативнata облека на Јелена Карлеуша во која се појавува на снимањата на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.
И за најновото снимање тоа беше случај со металик сребрен фустан кој ноншалантно се држеше на нејзините облини.
Покрај стајлингот, дискутбилно е и нејзиното однесување во шоуто.
Популарната пејачка влета во студиото како ветар за да се фотографира со останатите членови на жирито, а во тој момент вртејќи се како да нема никого до неа- Јелена ја поттурна, а потоа со косата го удри по лицето Снежана Ѓуришиќ.
Снежана, како долгогодишен член на жирито на „Звездите на Гранд“, очигледно не беше изненадена од потегот на ексцентричната колешка, бидејќи е навикната на нејзините откачени моменти.
Видеото на Инсатграм наиде на разни коментари, а додека едни ја фалеа, други и порачаа дека треба да се засрами од своето однесување.