Одвреме-навреме сите знаеме да запловиме во морето од мисли и сеќавања, па да го отвориме албумот на спомените и преку старите фотографии да се потсетиме на некои од најважните и најзначајни периоди или мигови во животот.
Истото без исклучок го прават и познатите, па така деновиве балканската фолк дива Светлана Цеца Rажнатовиќ се потсети на две стари фотографии, кои ако не пове ќето, тогаш многумина од нејзините фанови и следбеници и не само тие, никогаш не ги виделе!
Цеца во 20217 година имаше голем хит, а во видеото се појави заедно со згодниот и мускулест манекен Флорјан Мунтеани од Романија.
Нивната релација беше професионална и пријателска, а денешниот гест на музичката sвезда, на Инстаграм јавно да му го честита роденденот на својот пријател и некогашен соработник, покажа дека тие останале во контакт и три години подоцна.
Имено, Цеца ја објави нивната заедничка фотографија на своите Инстаграм приказни, а на неа кусо напиша: „Среќен роденден“!
Втората фотографија е многу постара, која ја врати Цеца во младоста или поточно уште во нејзиното детство. На неа идната фолк ѕвезда, ретко кој би ја познал. Малечката Цеки, како што ја нарекуваат, тука едвај има два-тринаесетина години и е сликана на еден од нејзините први, посериозни јавни настапи на некоја јавна приредба.
Носталгија по старите добри времиња или фотографија која случајно влетала додека Цеца ги прелистувала спомените од минатото? Како и да е, понекогаш убаво е да се сетиме кои и кави сме биле и од каде доаѓаме, зарем не?