Радио Милева

Инстаграм профил од Бредли Купер и “испрати” понуда на Ирена Спировска (фото)

Инстаграм профил од Бредли Купер и “испрати” понуда на Ирена Спировска (фото)

Водителката Ирена Спировска редовно ги користи социјалните мрежи и ги известува нејзините следбеници за некои активности како од приватниот, така и од професионалниот живот.

Ако Ирена не ја гледате пред камери или на некој друг водителски ангажман, тогаш сигурно е во некоја спортска авантура.

Имено, добро познато е дека водителката често планинари или вози велосипед, а со тоа ја одржува својата кондиција, но и витка линија.

Нејзиниот „Инстаграм“ профил е преполн со фотографии од прекрасни предели кои ги снимила за време на планинирање, пешачење, кампување.

фото: Инстаграм

А  нејзините следбеници кои се повеќе од 10 000 редовно и ставаат лајкови или и остваат коментари за нејзиниот изглед.

Меѓутоа, деновиве водителката доби барање за следење од Инстаграм профил потпишан како Бредли Купер односно „bradleycooper5312“.

фото: Инстаграм

Спировска ова известување го сподели на „Инстаграм стори“ каде стои дека добила понуда за следење, а во описот на „сторито“ додаде и смајлиња на смеење, па така најверојатно ова нотификација ја насмеа водителката.

Секако, не станува збор за вистински профил на Бредли, туку најверојатно се работи за некој фан профил.

Инаку, актерот нема свој личен акаунт на социјалните мрежи, сите отворени профили се креирани од неговите фанови каде споделуваат фотографии, видеа, интервјуа.

To top