Промотер

Јосиф знае дека она пука ко… – „Берета“ (ВИДЕО)

Јосиф знае дека она пука ко… – „Берета“ (ВИДЕО)

Дваесет и две/три годишниот Јосиф Ристовски или само Јосиф, зад кој стојат хиперпродуктивните „Урбан рекордс“ има нова песна и видео. По  песните и видеата за “Само уште ноќва” и „Енцо“, кои набрзина една по друга излегоа во првата половина на 2020, по неколку месеци, младиот трапер неодамна го промовираше и новиот аудио-видео пакет со темата „Берета“.

Стилски – ништо ново, музички во рамките на веќе слушнатото, тематски – исто така. Под импресии на „животот на работ“  најдобро отсликано во ТВ серијата „Јужни ветар“ со Милан Биковиќ во главната ролја, плејада млади музички трап артисти како лајт мотив го имаат токму таквиот начин на живот како инспирација… Се надеваме само музичка, не и животна: подземје, криминал, оружје, дрога, алкохол, црни пари, скапи коли, евтини девојки… „Живеј брзо, убаво и кратко… Умри млад и имај симптичен леш“ – некогашната Џим Морисон  филозофија, подоцна преземена од жестоките момчиња на белградскиот асфалт и инкорпорирана во легендите за познатите криминалци од  „Читуља“…

Ако е само приказна за тоа како е, а како не треба да биде и лајт-мотив за уметност – ОК… Се’ друго повеќе од тоа би било погубно. Иако и постојаното „ложење“ на „подземјето“ кое наголемо „новите дечки“ го туркаат во своите песни и видеа, не е баш за пофалба! Конечно, експлицитните сцени, задолжителни во секој нивен спот, исполнети ефтино „проституирање“, „ваљање бело“, пијанчење или мафтање со „ладно и топло“ оружје е загрижувачко, што тоа на младите автори, уметници, режисери, продуценти, изведувачи… им се врти во умот, што им е главен замаец во менталниот склоп? Сепак, ако сето остане само на фикција… па и некако!

Авторски, музиката и стиховите во „Берета“ ги потпишува самиот Јосиф Ристовски, додека миксот и мастерот како по правило кога се артистите на „Урбан рекордс“ во прашање, ги изработил Иван Јованов – Ивајо.

„Генг“ видеото или поточно, комплетната реализација на визуелизацијата на песната е на Томислав Живковиќ, додека битот е од  RJacksProdz & Masta.

Проследете го новото од Јосиф или поточно, слушнете и видете, како „пука“  неговата „Берета“.

 

 

To top