Игор Којиќ по кавгата со Северина наводно не сака да се врати во Загреб.
Како што тврдат добро известеите , Игор пред три дена се поздравил со пријателите и најавил дека се враќа во Белград, градот кој го напушти кога се ожени за Северина.
„Игор и Севе веќе некое време не функционираат најдобро. Славата на таткото на Игор, Драган Којиќ Кеба ја поремети ситуацијата, а состојбата кулминираше кога Севе не се појави на концертот кај Кеба. Тој многу се налути, им се јави на едни пријатели и им кажа дека намера да се враќа во Хрватска“, вели извор.
Парот се уште не се огласи по овој повод, а ни Кеба кој по концертот во Белград замина на концерти во Бугарија.