Поранешната македонска водителка Миа Костова е позитивна на корона.
Таа истакна дека имала симптоми еден ден односно дека имала температура, главоболки и болки во коските.
„Чисто совесна иако знам дека ќе има многу од оние кои ќе искоментираат ‘ако, така и е’ иако за воља на вистината знам кој е контактот кој се случи во неделата и не е никако поврзан со групирањето и журките . Откако бев известена ги откажав сите претстојни состаноци , фризери и салони, не сум била во контакт со ниту еден од моите соработници па ни пријатели. Така што, сметам дека од мене повеќето се безбедни. Официјално сум ковид позитивна. Ви благодарам за разбирањето и за пораките, се гледаме за едно 20 дена по улици, а на социјални мрежи ќе броиме заедно. Чувајте се “, напиша Миа на „Фејсбук“, а под објавата се нижеа коментари со поддршка.
Инаку, претходната недела Костова беше на забава на настап на Тамара Тодевска во еден познат бар во Скопје, па во еден момент пејачката ја покани на сцена и заедно заиграа.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/atmosfera-do-plafon-tamara-todevska-imashe-nastap-a-koga-na-scenata-se-pojavi-mia-kostova-napravija-haos/
Но, екс водителката истакна дека не се заразила на забава, туку добила корона од друг контакт, а позитивниот тест го добила еден ден пред нејзиниот роденден.
Миа денес слави роденден, а по тој повод точно во 00 часот нејзиниот син и нејзината пријателка Тијана со кои живее и приредија изненадување.
Имено, во ходникот на домот на пејачката на подот имаше изнапишано емотивни пораки, кои кога Миа почна да ги чита ќе се расплачеше, а на крајот имаше и торта, и подароци од нејзината сестра и од нејзините пријатели – спонзори.
Инаку, Костова истакна дека се чувствува добро и следните 20 дена ќе биде во изолација. Па, среќен роденден и побрзо оздравување.