Најпознатата светска ѕвезда, Ким Кардашијан во една емисија се расплака кога зборуваше за кризата во нејзиниот брак и драмата со сопругот Канје Вест.
Имено, Ким се појави во емисијата „На мојот следен гостин не му треба најава“, на Дејвид Летерман.
Во најавата на емисијата се гледа дека реалити ѕвездата плаче кога зборува за емотивниот живот.
„Се прашувам зошто плачам? За тоа веќе зборував“, изјави Кардашијан.
„Не, не, не, дали си добро?“, се обиде да ја утеши водителот.
Емотивното јавно распаѓње на Кардашијан доаѓа среде гласините за нејзината брачна драма со Канје Вест.
„Ким е на чекор да поднесе барање за развод, но прво сака да седне со Канје и да зборува за некои важни работи како што се децата и финасиите“, изјави извор.