Радио Милева

Српската пејачка која беше уапсена поради ограбување на банкомати во Австралија излезе пред новинарите и ја раскажа својата страна на вистината

Српската пејачка која беше уапсена поради ограбување на банкомати во Австралија излезе пред новинарите и ја раскажа својата страна на вистината

Српската пејачка Романа Паниќ и нејзиниот партнер Филип Мркајиќ пред неколку месеци беа уапсени во Австралија поради ограбување на банкомати.

Пејачката еден месец беше во затвор, а по излегувањето на слобода таа се врати во Белград.

Вчера таа одржа пресконференција каде им се обрати на новинарите и им ја раскажа својата страна на вистината и деталите од апсењето.

Пејачката истакна дека не е виновна, но благодарение на советите на адвокат признала дека е виновна за да може да биде слободна. Поточно, доколку признала дека не е виновна за делото тогаш ќе требало да чека една година за судење, а таа немала пари ниту услови да остане една година во Австралија, па полесно и било да признае дека е виновна и да ја отслужи казната.

фото: ало.рс

„Додека чекав да ми се продолжи визата, се појави короната, се затворија границите и јас останав во Австралија. По некој период, бев во хотелската соба и се подготвував да излезам, а во собата влегоа два детективи и два полицајли велејеќи ми: „Ова е претрес на собата“. Јас доживеав шок, почнав да се тресам и да видам што ќе се случи. Во собата беа пронајдени докази за тоа кривично дело, а меѓудругото тука имаше еден компјутер и картички. Јас реков дека немам ништо со тоа, а мојот партнер се обиде да ме заштити истакнувајќи дека јас немам врска со тоа и дека се занимавам со друга работа“, Романа ја започна својата приказна, па продолжи:

„Без оглед на се, немаше начин да се одбранам. На 3 април бев приведена на информативен разговор во полициската станица во Бизбејн.  По еден час, полицијата ми ги врати пасошот бидејќи немаше докази дека сум направила кривично дело, ми рекоа дека сум слободна, но дека утре морам да се појавам на суд. И кога дојдов пред судот, ми се приближија двата детективи, го држеа мојот телефон во рака и ми рекоа: „Сепак сте уапсени“, а кога ги прашав зошто, тие ми кажаа дека во мојот телефон има преписка односно фотографија од еден апарат кој потполно легално може да се купи на еден сајт. Јас им реков да телефонот не е никаков доказ, а тие тоа го искористија за да напишат во австралиските медиуми дека не сум соработувала со полицијата. Кога официјално ме уапсија, после еден час бев пуштена со документ дека имам закажано судење на 1 јули. Тогаш ми беше одземен пасошот“, вели пејачката и продолжува:

фото: ало.рс

„Законите во Австралија се такви што ако го признаете делото, ви се простува. По советите на адвокатот одлучив да признам дека сум виновна“, раскажува Романа.

Паниќ истакна дека имала фотографија од апаратот бидејќи го нарачала нејзина пријателка.

„Ги знам деталите, но нема да откривам бидејќи мислам дека тоа не е релевантно. Апаратот не служи за снимање на кодови, не знам за што служи, но изгледа како читач за картички. Јас знаев за што се работи, но не учествував во делото, но според законите јас сум соучесник“, вели пејачката.

фото: ало.рс

Таа раскажа дека една недела поминала во една просторија каде што била набљудувана, а по една недела била префрлена во затвор.

Инаку, таа исто така истакна дека не била депортирана во Австралија туку сама пристигнала во Белград без придружба, а исто така по 3 години повоторно ќе може да аплицира за виза.

To top