Сексапилната тетовчанка откако е сепоприсутна во јавноста, стекна голем број обожаватели и следбеници на социјалните мрежи.
Бившата сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски, македонската и балканска убавица, мисица, манекенка, модел и по малку пејачка, Кристина Димитриевска, токму поради својата актуелност во јавноста и медиуите се почесто си има проблем со погрешни обожаватели, но и такви од понежниот пол што не баш ја поднесуваат.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kristina-dimitrievska-stana-nechija-fatalna-opsesija-misicata-ja-progonuva-manijak-i-toa-zenski-foto/
Овој пат, проблемот повторно се појави преку социјалните мрежи, а истиот очигледно толку ја напнува и изместува од ритам мисицата, што реши проблемот да го сподели јавно.
Таа веќе неколку дека објавува пораки од нејзин следбениик на Инстаграм и обожавател на нејзината појава и работа, а проблемот е во тоа што тој мисли дека Кристина е материјална девојка, па може да ја купи со пари.
Меѓу последните пораки кои и ги испрати, беше фотографија со „непристоен предлог“: Торбичка полна со пари, кои треба да ја намамат Кристина да биде негова.
Фотографијата таа ја сподели јавно, но не и неговиот идентитет, а овој пат повторно беше фина и го поштеди од тоа, но и го предупреди дека ова му е последно.
-Секоја будала со вакви понуди, ќе биде (објавен) со име и презиме на „стори“, па ако сте за, продолжете – напиша Кристина.
Во објавата пишуваше во множина, што значи дека има повеќемина од оние што мислат или добиле претстава дека таа е од оние девојки, кои трчаат по пари.
Мисицата јасно даде до знаење дека нема цена, но и тоа дека популарноста е скапа.