Радио Милева

Марија Шерифовиќ станува јутуберка и го снимаше своето прво видео: „Еден обичен ден полн со хаос“

Марија Шерифовиќ станува јутуберка и го снимаше своето прво видео: „Еден обичен ден полн со хаос“

Пејачката Марија Шерифовиќ поради короната не настапува, па како што вели поради новонастаната ситуација сега станува Јутуберка.

Таа сега го објави првото видео кое се состои од материјали кои се снимени три дена. Од подготовките во „Ѕвездите на Гранд“, само снимање, се снимаше додека ја шминкаат, подготвување на кандидатите…

Шерифовиќ со својот прв влог ги насмеја своите фанови.

„Кукли мои, бидејќи од пеењето нема ништо, ја менувам професијата. Се надевам дека ќе уживате во ова видео и секако без грижи“, напиша Марија покрај влогот  насловен како „Престанувам да пеам, станувам јутуберка“.

Како тоа изгледа погледнете во видеото подолу.

To top