Радио Милева

„Ѕвездата на Гранд“ влегува во политика – се кандидираше за пратеник на локалните избори

„Ѕвездата на Гранд“ влегува во политика – се кандидираше за пратеник на локалните избори

„Ѕвездата на Гранд“, Белма Каршиќ одлучи да ја промени професијата и се кандидираше за пратеник на локалните избори во Сараево.

„Драги мои пријатели, во оваа прилика сакам да ве известам дека одлучив да се приклучам на Назависната Боснохерцеговска листа, за подобро Сараево. На локалните избори во 2020 година сум на списокот за Совет на општината под број 9. Време е ние младите да бидеме активно вклучени во создавањето на нашата иднина со цел да останеме во нашата прекрасна Босна и Херцеговина – стои во соопштението на убавата пејачка, пишува „Grandonline“.

Потсетуваме, Белма пред пет години се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, а пред една година стана мајка.

To top