Радио Милева

Наташа Беквалац за своите бивши: „За секој од нив повторно би се омажила“

Наташа Беквалац за своите бивши: „За секој од нив повторно би се омажила“

Пејачката Наташа Беквалац проговори за своите бивши сопрузи, па истакна дека со секој од нив повторно би се омажила.

Бидејќи нејзината внука неодамна изјави дека многу пати се мажила, Наташа ова го прокоментира на шеговит начин.

„Јас ќе кажам дека се мажев онолку колку што ми беше потребно. Не би се венчала толку пати ако навреме излегував од односите кои ме правеа несреќна. Не сум од жените кои поради соседите ќе остане во приказна која не ми годи. Тоа не е добро за жените,ќе бидете лоши мајки и сопруги“ вели пејачката и додава:

фото: Инстаграм/беквалчева

„Данило многу ме почитува мене и мојата улога на мајка“.

На прашањето со кој од бившите повторно би се мажела, таа вели:

фото: Инстаграм/беквалчева

„Не сакам никој да блокирам, затоа што почнав луѓето да ги сакам онакви какви што се. Со сите тројца би одела на пијалок и со сите тројца би се омажела. Имав добар брак со Љуба додека беше добар, од бракот со Данило ја добив Хана,а со Лука ја добив Катја. Значи, поради различни причини повторно би се омажила за секој од тројцата. Јас велам дека сум најдобрата биваша на светот“ заклучува Беквалац.

To top