Радио Милева

„Ме понижуваа бидејќи на 28 години сум невина“: Позната пејачка одлучи со сите да ја сподели својата интима

„Ме понижуваа бидејќи на 28 години сум невина“: Позната пејачка одлучи со сите да ја сподели својата интима

Пејачката Ели Брук својата кариера ја изгради како член на групата “Fifth Harmon“, а сега во едно интервју откри дека се уште е девица и така ќе остане додека не стапи во брак.

„Навистина сум среќна што со своите фанови можев да ја споделам одлуката која ја донесов, а тие нека прифатат како сакаат“, вели таа и додава дека поради тоа наишла на многубројни осуди и коментари.

„Имаше моменти кога луѓето ми се ја исмејуваа или не ми веруваа, но едноставно тоа јас морам да го имам во моето срце, ја знам вистината и само да пуштам така да биде. Неверојатно е чувството кога ќе видиш дека некој тоа го почитува. Никогаш не почувствував притисак“, вели Ели.

фото: инстаграм

Поранешните момци ја почитувале нејзината желба, но сепак колегите на работа ја исмејувале.

„Бев потполно понижена, шокирана и згрозена. Не чувствував дека имам било каква моќ да направам нешто кога тоа е во прашање бидејќи луѓето во тоа време знаејаа за тие работи, но не правија ништо да ги  спречат“ вели пејачката за “Hollywood Raw”  и додава:

фото: инстаграм

„Луѓето не одговараа за своите постапки. Се чувствував сама. Само понижување и страв. Што можев тогаш да направам? Бев само едно девојче во група, сите тие луѓе имаа моќ“ заклучува Ели.

To top