Радио Милева

Кајли Џенер за првиот ден на училиште на својата ќерка купи ранец од 10 000 евра, па наиде на сурови критики

Кајли Џенер за првиот ден на училиште на својата ќерка купи ранец од 10 000 евра, па наиде на сурови критики

Најмладата сестра од Кардашијан, Кајли Џенер ги разнежи своите следбеници на „Инстаграм“.

Имено, Кајли на социјалните мрежи објави како го прославиле првиот ден на училиште на нејзината ќерка Сторми која ја доби од бракот со Травис Скот.

Малата Сторми позираше во црна маица со кратки ракави и панталони, а како и секој ученик имаше ранец.

Меѓутоа, многумина ја забележаа марката на ранецот кој чини околу 10 000 евра.

Среќната и горда мајка во описот на фотографијата напиша:

„Прв ден на училиште“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner) on

Меѓутоа, корисниците на социјалните мрежи и забележаа на Кајли дека ја размазила својата ќерка сметајќи дека за настава од дома може да носи и пижами, а не толку скапи работи.

Инаку, ова не е прва брендирана торба на Сторми, едната и подари нејзината мајка и чини околу 1000 евра, а другата е од тетка Кардашијан и чини 1 700 евра.

To top