Промотер

Барбара Ракичевиќ има нешто во себе, што е – „Посилно од се’ “ (ВИДЕО)

Барбара Ракичевиќ има нешто во себе, што е – „Посилно од се’ “ (ВИДЕО)

Барбара Ракичевиќ, младата ТВ водителка, ќерка на некогашната водителска ТВ ведета и позната трендсетерка Мелита и официјално вплови во пејачките води. И ако до сега во „ТВ магазинот од зад сцената“ само медиумски ја третираше естрадата, сега и самата стана дел од неа, откако вчеравечер, среда, 30 септември 2020 година, таа  ја промовираше својата прва сопствена песна насловена „Посилно од се“.

Темата е комплетно авторско дело на еден од далеку најдобрите македонски женски вокали, академски музичар, педагог и автор, Андријана Јаневска, која ги потпишува музиката, стиховите и аранжманот на песната, која пак е снимена во нејсиното семејно „Гиновски мјузик студио“.

Видеото пак го изработил уште еден проверен мајстор, познатиот уметнички фотограф и видео – режисер, Зоран Стојановски – Зонде. За стилираната убавина на ионака убавата и атрактивна 16 годишна водителка, а отсега и пејачка, се погрижил веројатно најдобриот во својот занает, најпознатиот македонски мејкап стилист и фризер, Александар Билјановски – „Дадар“.

Барбара на своето естрадно деби сосема солидно си ја одработела својата вокална улога, зашто во прашање е балада, нималку лесна за пеење, која изобилува со тонови од различен регистер, од ниски до високи, што бара искллучително знаење и подготвеност и кај многу поискусни вокални солисти, отколку кај еден почетник. Ова покажува дека младата пејачка храбро се фатила во костец со поставената задача на професорката Јаневска и е цврсто решена уште во стартот да покаже и докаже дека одлуката да запее не само еднократен излет за да се задоволи желбата.

Видеото исто така сосема солидно ја следи приказната вткаена во стиховите на песната, а Зонде во рамките на буџетот визуелно и уметнички и технички го извлекол максимумот, давајќи и посебена нота на песната, еден поинаков визуелен тон кој заедно со избраниот стајлинг, младата Барбара ја претставува во полн сјај, соодветен за нејзината возраст и во совршена хармонија со музиката што вокално ја исполнува.

Се’ на се’, убав, едноставен спој на романтична музичка тема, исфилувана со соодветна естетска визура, за повеќе од успешен естраден почеток на младата убавица.

 

 

 

To top