По само неколку дена од излегувањето на песната „Pa ti“ на Џенифер Лопез и Малума, инстантно стана вистински хит низ целиот свет, а моментално брои повеќе од 4 милиони прегледи на интернет каналот Јутјуб.
Меѓу оние на кои им се допаѓа новата енергична песна на Џеј Ло, а особено нејзините движења од кореографијата во спотот, е и нашата пејачка Ања Ветерова.
Ања освен што често им пее на своите следбеници на Инстаграм, таа знае и да заигра, а овој пат тоа беше на хитот „Pa ti“.
View this post on Instagram
catching the #PaTi vibes the other day while waitin for my fellas🥂 #spontaneous #mightdeletelater
Ања како што напиша во описот, била расположена додека го чека друштвото, па „замеша“ со колковите и го покажа својот талент и за танцување.
Погледнете ја нашата Ања како танцува, а потоа и колку добро ги изведе движењата на Џеј Ло.