Северина Којиќ се огласи по написите во регионалните медиуми дека не ги извршува своите обврски односно дека од март не плаќала алиментација за својот син Александар, па токму поради тоа поранешниот сопруг одлучил да ја тужи.
Имено, Давор Гргин, претставникот за медиуми на Северина вели дека таа уредно 10 месеци плаќа алиментација на приватната сметка на Милан. Проблемот настанал во оној момент кога Поповиќ ја замолил Северина да и ја уплаќа алиментацијата на сметка која таа дознала дека е блокирана.
„Во последните 10 месеци, Северина уредно ги подмирува своите обврски со Милан Поповиќ и постојат докази од банкарските трансакции. Северина секој месец ги уплаќаше средствата на сметката во Загребската банка, иако тој на рочиштето негираше дека банката му ја затворила сметката. Кога Поповиќ кончено призна дека таа сметка му е затворена, Северина тие средства му ги префрли на новата сметка“ вели Грин и додава дека Северина планира да продолжи да ги плаќа своите обврски.
„Тоа значи дека Северина никогаш ни лично, ниту пак преку адвокати бараше да се одложи нејзиното плаќање на обврските“, додава Гргин.
Потсетуваме, претходната година пејачката го изгуби старателството над синот Александар.