Независно дали музиката е во прашање или нејзиниот физички изглед и стилски израз, пејачката Сара Мејс се води по тоа да биде уникатна, оригинална и своја, а тоа да го носи како што само таа знае и умее.
Периодов игра на карта на провокација, но без да ја помине границата на вулгарното – напротив Сара тоа знае да го избалансира да изгледа женствено и секси.
Деновиве таа работи на нов музички проект кој го најави на својот Инстаграм, а на фотографиите каде е во природа со својата харфа, Сара повторно во секси издание.
Висок шлиц, и гола нога во преден план, но само толку и сосема доволно за да привлече внимание за новитетот кој доаѓа.
Дека е своја и уникатна, продолжи да уверува и со следната објава на која носи црно здолниште комбинирано со бабски чорапи со тантела за кои таа вели дека се задолжително нешто во нејзиниот плакар.
Според некои, овие чорапи се само за повозрасни дами, но Сара и тоа како знае да ги износи на свој начин, а објавата доби доста реакции.
А какво уникатно музичко парче ни подготвила Сара Мејс, останува да видиме…