Радио Милева

Деми Мур проговори за сексот во бракот со Ештон Kачер: „Беше толку понижувачки и одвратно, уште имам трауми!“

Деми Мур проговори за сексот во бракот со Ештон Kачер: „Беше толку понижувачки и одвратно, уште имам трауми!“

Откако го обвини својот поранешен сопруг за бројни зачудувачки работи во нејзините мемоари, актерката сега откри уште еден детаљ.

Деми Мур (57) со колегата Ештон Качер (42) беше во брак од 2005-та до 2013-та година. После разводот тој замина на планина за да се избори со емотивната драма.

Наводно една недела бил оддалечен од сите, но актерката напоменала дека таа морала да се бори со последиците од неговото однесување во бракот.

Деми не сокривала дека сопругот ја изневерувал, но открила и дека тој ја терал на секс во тројка, на што се согласила иако тоа вистински не го сакала.

фото:„profimedia“

„Сакав да му покажам колку забавна и одлична можам да бидам, но знам дека тоа беше гешка“.
Уште една пикантерија од нивниот интимен живот е тоа што Ештон од неа барал да уринира врз него.

„Беше толку понижувачки и одвратно, уште имам трауми од нашиот однос“,открила неодамна Деми.

Актерката позади себе има два брака – со Брус Вилис, со кој има три ќерки и со Фреди Мур. Ештон сега е во брак со Мила Кунис со која доби ќерка и син. Се пишуваше дека Деми сега е во врска со стилистката Маша Манџук, која е со потекло од Белград и со која наводно посвоила девојче, пренесува Жена/Блиц.рс

Деми Мур ќе глуми во подкастот на „Dirty Diana“, пишува “Varieti”.

To top