Некогашната бинго девојка и манекенка, Натали Грубовиќ, својот приватен живот го крие како змија нозете. Таа ретко се активира на социјалните мрежи, но некогаш знае да открие некој приватен детал.
Деновиве, Натали имаше посебен повод за славење, односно наследничката која го носи истото име како неа, Натали наполни три години.
Имено, екс водителката во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели фотографија со ќеркичката, а во описот додаде: „Среќен роденден ангелу мој“.
Од друга страна, и некогашната мисица и модел Вера Мештеровиќ деновиве исто така имаше роденденско расположение.
Имено, нејзината ќерка Јована наполни девет години, а поранешната манекенка на социјалните мрежи сподели неколку фотографии од роденденската прослава која не помина низ торта и свеќички.
-Гледајќи те како растеш,многу љубов, емоции,состојби,убави,стресни,многу среќа,многу насмевки…Но покрај се,над се ти си најзначајнoто,највредното нешто кое ми го исполнува животот🎉
Среќен роденден Moja принцеза, напиша Вера во роденденската честитка на ќерката.
Во една прилика, Вера изјави дека своите деца ги учи на трајни вредности.
Андреј има 10 години, Јована 8. Тие се извонредни деца, насмеани, среќни, дружељубиви, комуникативни, емпатични, грижиливи, вредни, културни, внимателни деца. Андреј тренира фудбал и навистина го сака тој спорт. Јована од балерина сега тренира гимнастика, има голем афинитет кон глумата и планирам да ја запишам на курс. Двајцата се одлични ученици. Ги воспитувам на трајни вредности, чесност, искреност, да бидат вредни, добри луѓе, да веруваат во себе, да го ценат својот труд но и трудот на другите, да се одговорни, истрајни, ги учам на здрави навики за животот, за храната, хигиената, да не се откажуваат никогаш без разлика што нема да успеат од прв пат да продолжат, и да се обидуваат сѐ додека не го постигнат замисленото. Впрочем сѐ се постигнува, сѐ е возможно, доколку сме посветени и истрајни за да дојдеме до целта во училиштето, во спортот, во професијата, во животот“ изјави Вера во една прилика за „Женски магазин“.
Среќен роденден!