Радио Милева не стигна да ја слушне...

Драгана Мирковиќ открива: „Два дена пред нејзината смрт, Ксенија Пајчин ме барала за нешто важно да ми каже, но… ми остана само рана на срце“!

Драгана Мирковиќ открива: „Два дена пред нејзината смрт, Ксенија Пајчин ме барала за нешто важно да ми каже, но… ми остана само рана на срце“!

Пејачката Ксенија Пајчин  трагично го загуби животот кога нејзиното љубоморно момче Филип Каписода ја уби, а потоа изврши самоубиство.

Драгана Мирковиќ откри дека Ксенија итно  ја барала  само неколку дена пред нејзината смрт, а бидејќи не успеале да разговараат, заради тоа и денес и е многу тешко.

“Тоа беше една симпатична и преубава девојка. Имаше 15 години кога започна да работи со мене, кога започна да танцува во мојата група. Никогаш не сум видела поубава девојка”, изјави Драгана Мирковиќ во “Премиера – специјал викенд”.

„Два дена пред таа трагично да почине, таа беше гостинка во една  емисија на нашата ДМ телевизија.

Потоа, таа му рекла на водителот: ‘Те молам, кажи и на Драгана да ми се јави, имам нешто многу важно да и кажам’. Водителоте не ми  кажа тој ден, не ми спомна ништо ниту  следниот ден, а кога ми се јави, ми рече дека сме ја изгубиле. Никогаш нема да знам што беше тоа толку важно што сакаше да ми го каже?! Мене ми остана како да треба да направам нешто за неа, а не знам што? Дефинитивно ќе ми остане рана на срце“, заклучи пејачката.

To top