Атрактивна, згодна, сексапилна, привлечна, пожелна… со природни бујни атрибути, ги мами погледите на сите оние кои ќе се најдат во нејзина близина, без оглед дали чекори на модните писти, дефилира на изборите за убавина или пее на нејзините настапи.
Кристина Поптрпева – името кое до сега повеќе сте го слушале како дел од нашата модна, а помалку естрадна сцена, позната како манекенка, мисица и модел една од најангажираните модели на модното студио Црнокрак, полека но сигурно сериозно влегува во музичките води, иако не ги занемарува манекенството, изборите за мис и модната писта.
Така, оваа наша убавица штотуку се врати од Турција со освоена круна и две титули за мис, веќе ја промовираше својата прва песна и видеото за неа, на најекстравагантен начин.
„Никад доста“ е е нејзиното првенче, кое раскошната пејачка го објави заедно со видеото вчеравечер, 24 септември на својот Јутјуб канал.
Песната ре отпеана на српски јазик, што во старт наговестува дека македонската убавица „чука на голема врата“, и веднаш ќе се обиде да го освои соседството, па и регионот. Како ќе се снајде во „естрадната бара полна со крокодили“, останува да видиме, но ако нешто е во старт познато и сигурно, тоа е дека Кристина има и потенцијал и предиспозиции, и телесни и вокални, можеби не 100% да им го украде шоуто, ама сигурно да им „чепне од колачот“, само прашање е дали и колкаво парче?
Темата „Никогаш доста“ е комплетно авторско и продуценстско дело на Темелко Андреев ( музика, текст, аранжман, микс, продукција), а видеоспотот го изработила елкипата на iMedia, прдводена од Крсте Шупев.
Спотот изобилува со жешки кадри и еротски набој, во кој пејачката покрај вокалните ги промовира и танчарските способности, а за телесниете квалитети на Кристина Поп (како што одбрала да биде нејзиното уметничко име) и нејзините придружнички, двете убавици-македонски модели, Бојана Нушкова и Андријана Илиоска, не се потребни зборови, зашто сликата сама говори.
Кристина Поп(трпева) решила да проба, но… Колку и дали македонската убавица ќе успее да стане балканска кралица, останува да видиме?!
До тогаш погледнете ја и неа и нејзините придружнички во нејзиното видео првенче… Впрочем од гледање убавини, „Никогаш доста“.