Скопската група „ДНО е НЛО“ денес ја објавија својата најнова песна насловена „Чувај ме“. Песната е посветена на Ниа, ќерката на авторот и фронтмен на бендот Владимир Поп Христов – Мио, која денес слави роденден. Воедно, бендот песната не случајно ја објави денес, па освен роденденот на Ниа, сака да го прослави и првиот ден на пролетта.
Инаку „Чувај ме“ е авторско дело на членовите на групата Владимир Поп Христов – Мио, Александар Поп Христов и Анастас Пујовски.
Како звучи пролетно-роденденскиот подарок на „ДНО е НЛО“, слушнете во продолжение: