Радио Милева

Анастасија Богдановска два месеци по породувањето го покажа лиценцето на Дениција (фото)

Анастасија Богдановска два месеци по породувањето го покажа лиценцето на Дениција (фото)

Македонската новинарка и ТВ водителка, Анастасија Богдановска пред два месеци се реалзираше во улогата на мајка.

Имено, Анастасија и Богдан Илиевски – Бетмен станаа родители на девојче за кое го одбраа Дениција.

Радосниот татко тогаш ги сподели среќните вести на својот Фејсбук профил со стиховите од македонската поема „Дениција“ на Петре М. Андреевски.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/anastasija-bogdanovska-i-bogdan-ilievski-stanaa-roditeli-od-ljubovta-na-dea-i-betmen-se-rodi-denicija/

По породувањето, водителката често објавуваше фотографии со новиот член на семејството, но го покажуваше лицето.

Меѓутоа, по два месеци од раѓањето на ќерката Анастасија сега одлучи да го покаже лиценцето на наследничката.

Така, на својот Фесјбук објави колаж од лицето на ќеркичката, а до неа стои и насловот на поемата „Дениција“ и годината кога е објавена. Иако фотката малку е заматена може да се види слаткото лице на бебето.

„Мојата Дениција и Дениција на Петре. Мојата денес полни 2 месеци“, напиша во описот.

фото: инстаграм

Потсетуваме, Деа и Богдан  се запознале преку заеднички пријател, а шармантната новинарка и ТВ водителка долго време ја криеше врската со својот избраник.

To top