Радио Милева

Ќерката на Аџелина Џоли и Бред Пит која сакаше да го менува полот, по долго време фотографирана во здолниште

Ќерката на Аџелина Џоли и Бред Пит која сакаше да го менува полот, по долго време фотографирана во здолниште

Холивудската актерка Анџелина Џоли е фотографирана додека била во шопинг со своите ќерки Шајло, Захар и Вивијан.

Имено, трите дами биле во набавка на намирници и се однесувале нормално правејќи се дека не ги гледаат папараците кои само чекаат некаде да ги фотографираат.

Трите биле облечени во лежерни комбинации, а она што многумина го забележаа е тоа што Шајло после долго време била облечена како женско.

фото: Профимедиа

Овојпат, таа била облечена во дуксер и здолниште, а косата ја пуштила да расте.

фото: Профимедиа

Инаку, Шајло пред неколку години од нејзините родители побара да ја нарекуваат Џон и ги замолила да и се обраќаат со Џон.

Со години се шпекулираше дека ќе оди на хормонска терапија пред да направи промена на полот, но изгледа овие тврдења не се точни.

To top