Српската пејачка Тања Савиќ поминува низ лош период бидејќи од април месец ги нема видено своите деца кои се во Австралија со нејзиниот татко.
Како што истакна таа за медиумите, нејзиниот сопруг Душан ги киднапирал децата и без нејзино знаење и дозвола ги однел надвор од Србија.
Таа долго време молчеше, па случајот го пријави во полиција истакнувајќи и дека сопругот не и дозволува да се слушне со децата.
Тања поминува низ тежок период и се надева дека секој момент ќе ги види децата.
Деновиве, таа на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која напиша:
„Поради тебе морав да премолчам многу работи за да останам“, а многумина мислат дека ова посвета пејачката ја посветила на сопругот.
View this post on Instagram
Zbog tebe ja sam dosta morala da precutim da bih ostala. #tanjasavic #ljubav #sreca #radost