Во времето на пандемијата со коронавирусот, многу јавни личности додека го поминуваа своето време во домовите, извадија фотографии од архива, па евоцираa спомени од детство, свадби, родендени…
Така и еден македонски пејач на својот „Инстаграм“ објави фотографија од детството, но набргу ја избриша.
На фотката, пејачот има руса коса и изгледа потполно различно од сега, погодувате ли за кој пејач станува збор?
Имено, станува за македонскиот пејач и учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Филип Пецовски кој во музичкото шоу со својот оригинален настап и харизма остави впечаток кај публиката, но и кај жирото.
Кога Филип првпат се појави на музичката сцена, публиката врескаше, а жирито едвај чекаше да види за кого станува збор. Пецовски беше под менторство на Јелена Карлуша, па така секојпат имаше различен и оргинален настап.
Тој во музичкото шоу стигна до финалето, а по завршување на истото сними и неколку песни кои имаа доста прегледи на Јутуб.
Зошто Филип ја избриша фотографијата од деството на социјалните мрежи остана мистерија, но не е мистерија дека и тогаш изгледал уникатно и многу поразлично од сега.
Дали Пецовски подготвува нешто ново на музички план и наскоро повторно ќе изненади со нов видео запис, останува да видиме.