Мегафон концерти

Концертот на „Банкрот блуз бенд“ – распродаден

Концертот на „Банкрот блуз бенд“ – распродаден

Утре,  23-ти септември (среда), во рамките на годинешниот „Блузен соул фестивал“, со почеток во 21 часот, во Куршумли Ан, публиката ќе има можност повторно на сцената да ги слушне “Банкрот блуз бенд” со пријателите, групата која гарантира врвна блуз атмосфера.

Петар Ренџов, Сашо Гигов-Гиш и Игор Атанасовски-Харе, а ним ќе им се придружат и Елена Ставреска-вокал, Венко Серафимов-гитара, Никола Петровски – Џими-гитара, Сашо Георгиевски-харп, Гоце Стевковски-тапани, Мите Димовски-тапани, Дарко Мучев-бас, Сенад Усеин-труба, Кирил Кузмановски-саксофон, Сашко Николовски-тромбон.

Се разбира согласно протоколот за организација на настани во време на Ковид-19 задолжително е носењето на лична заштита на лицето (маска, шал, марама), одржување на физичко растојание и дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.

Билетите се продаваа онлајн и за жал, концертот е веќе распродаден.

To top